Повеќето Руси (64%) сметаат дека квалитетот на домашните производи, во споредба со странските аналози – е значително поголем. За ова сведочат резултатите од анкетата извршена од ВЦИОМ.
Во 1995 година ова мислење го делеле само 54% од испитаниците.
Позитивно за домашното производство се изјаснуваат најчесто анкетираните постари од 60 години, како и жителите на помалите градови (74%). Жителите на Москва и Санкт Петербург (48%) сметаат дека руските производи воопшто не се разликуваат од оние кои се увезени.
За откажување од употребата на забранетите производи за увоз во Русија се изјасниле најголемиот дел од граѓаните на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче