Космонаутот Ана Кикина ќе замине во вселената во следните четири години, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на началникот на Центарот за подготовка на космонаути, Јуриј Лончаков.
„Ана Кикина ги помина тренинзите. Сега тренира скокови со падобран, а потоа ќе заминат на дополнителни вежби во пустината недалеку од Бајконур“, изјави тој.
Според неговите борови, нејзиниот лет ќе се случи за „три до четири години, во најдобар случај“.
На 26 септември 2014 година во Меѓународната вселенска станица ќе замина првата Русинка космонаут во последните 20 години – Елена Серова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче