ОБСЕ го одобри мировниот план на Путин

Организацијата за безбедност и соработка во Европа го поздрави мировниот план на претседателот на Русија, Владимир Путин, за стабилизација и прекин на огнот на југоистокот на Украина, пренесува ИТАР-ТАСС.

Ова го изјави претседателот на Парламентарната асамблеја на ОБСЕ, Илка Канерва после средбата со претседателот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко.

Тој забележа дека планот треба да се приклучи кон другите планови за регулирање на кризата на југоистокот на Украина.

„Утрово министерот Лавров ме информираше за планот на претседателот. Сметам дека би било полезно и плодотворно да се разгледа овој план и со другите учесници во конфликтот“, изјави Канерва.

Претходно генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата го поддржува предлогот на Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња