Ноќта на 3 септември над Русија и Казахстан согори во атмосферата кинески сателит-шпион, пренесено е на интернет-страницата на Aerospace. На интернет-страницата е дадена карта на која е прикажана траекторијата на падот на сателитот.
Согорувањето на сателитот се случи во 22:14 по московско време. Се забележува дека сателитот согорел над казахстанскиот град Атирау и над Оренбуршката област во Русија.
Судејќи според траекторијата на падот на сателитот, тоа најверојатно е кинескиот радиолокациски сателит-шпион Yaogan 5, кој беше лансиран на 15 декември 2008 година од космодромот Тајујан на орбита од 500 километри над Земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.