Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека бројот на туристи од Русија во Европа паднал за 30% поради меѓународната ситуација, пренесува кореспондент за „Газета.ру“.
„Тоа е лошо. Тоа го плаќаат луѓето во земјите каде има пад на посетеноста од страна на нашите граѓани“, изјави Медведев.
Тој исто така забележа дека во првите шест месеци од 2014 година бројот на туристи од Русија кон сите други делови од светот е намален за 4% во споредба со истиот период минатата година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.