Борците на „ИД“ му се закануваат на Путин со „ослободување“ на Чеченија и сиот Кавказ

Борците на терористичката организација „Исламска држава“ објавија видео запис на Интернет на кој се закануваат дека ќе започнат војна во Чеченија и на целиот Кавказ, пренесува арапскиот телевизиски канал Al-Arabiya.

Како што се забележува во пораката, борците се закануваат лично на претседателот на Русија, Владимир Путин како сојузник на претседателот на Сирија, Башар Асад, кого го снабдува со оружје и воена опрема.

На видеото кое се наоѓа на You Tube, еден од борците кажува: „Со дозвола од Алах ќе ја ослободиме Чеченија и цел Кавказ! „Исламската држава“ постои и ќе се прошири со дозвола на Алах“, изјавува борецот.

Оваа организација веќе му се закани на Асад, нарекувајќи го „свиња“ и заканувајќи се дека ќе го „приковаат на авион“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија