Руските научници ќе се обидат да ја разберат душата на космонаутите

Руските и американските научници ќе започнат когнитивно-психолошко истражување врз космонаутите за да изработат нови технологии за подготовка за екстремни услови, пренесува РИА „Новости“.

Руските и американските научници ќе започнат когнитивно-психолошко истражување врз космонаутите за да изработат нови технологии за подготовка за екстремни услови, пренесува РИА „Новости“.

Во проектот се вклучени Институтот за физика на материјали од Томск, Ракетно-космичката корпорација „Енергија“, Харвардскиот и Пенсилванискиот универзитет, како и космонаутите Александар Калери и Сергеј Крикалев.

„Ќе се бара создавање нови механизми за регулација на дејноста на космонаутите, кои ќе дозволат космонаутите да носат правилни решенија во екстремни услови кога се појавува големо количество непредвидени ситуации. Човечкиот фактор никој не го исклучува. И имено затоа создаваме технологии кои ќе им дозволат на космонаутите да извршуваат побезбедни активности“, изјави ректорот на Томскиот државен универзитет, Едуард Галажински. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња