Путин се залага за создавање супертешки ракети-носачи

Претседателот на Русија, Владимир Путин го одобри создавањето на супертешки ракети-носачи, изјави вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, пренесува ИТАР-ТАСС.

Претседателот на Русија, Владимир Путин го одобри создавањето на супертешки ракети-носачи, изјави вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Денес за прв пат на ниво на претседател беа слушнати плановите на Роскосмос за почеток на создавањето на супертешка ракета“, изјави Рогозин.

Според неговите зборови, „Путин се согласил за почеток на создавањето на ваквиот вид ракета“.

Тоа означува дека по создавањето на семејството ракети-носачи „Ангара“ од лесна, средна и тешка класа, руските научници ќе преминат кон создавање на ракета од сосема поинаква класа.

„Таа нема да има 7, 15 или 25 тони - тоа ќе биде ракета од 120-150 тони“, појасни Рогозин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња