Наришкин: Русија би сакала да ги види понезависни европските држави

Спикерот на Државната дума во Русија, Сергеј Наришкин, за време на посетата во Франција изјави дека Русија би сакала да ги види европските држави понезависни и самостојни, какви што беа пред 30-40 години, пренесува РИА „Новости“.

„Да, секако дека би сакале да ги видиме европските држави како понезависни и самостојни од гледна точка на определувањето на курсот по кој ќе се движат, исто како што тоа беше пред 30-40 години, како во времето на дел Гол“, подвлече Наришкин.

Во Франција Наришкин се сретна со претставниците на францускиот бизнис, општествените дејци и политичари. Спикерот на Државната дума изјави дека слушнал интересна фраза од еден од пратениците во Франција дека „Европската унија ја зела како заложник сета Европа“.

Како што додаде Наришкин, се мисли на улогата и овластувањата кои европските држави ги предадоа на Европската унија во делот на надворешната политика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња