Меѓународната рејтинг агенција Moody's смета дека енергетските договори со Кина се полезни за руските нафтени компании, бидејќи истите обезбедуваат можност за раст и пристап кон нови извори за финансирање со перспектива за проширување на тие односи и во иднина. Ова е изјавено во отчетот на агенцијата.
„Овие договори ќе дозволат да се намали зависноста на Русија од европските енергетски ризици кои се под ризик на санкциите и конкурентите“, се појаснува во документот.
„Обидите на Русија географски да го диверзифицира извозот на енергенсите се совпаѓа со желбата на Кина да најде нови извори на нафта и гас за задоволување на своите значителни и брзорастечки енергетски потреби“, се наведува во соопштението на вицепретседателот-постар аналитичар во Mood's, Јулија Прибиткова. Според нејзиното мислење, договорот меѓу „Гаспром“ и Кина ќе им обезбеди на компаниите основа за целосна диверзификација кон Азијатско-Тихоокеанскиот регион.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче