Русија и Бугарија разгледуваат можност за промена на статусот на бугарскиот дел од гасоводот Јужен тек. Тој може да биде прогласен за индустриски, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Индустрискиот статус би го решил прашањето со ограничувањата поради Третиот енергетски пакет на ЕУ“, изјави изворот за ИТАР-ТАСС, додавајќи дека во моментов се разгледува оваа варијанта и за морскиот дел од гасоводот.
Претходно вицепретседателот на Европската комисија за енергетика, Гинтер Етингер, изјави дека изградбата и последователната експлоатација на гасоводот „Јужен тек“ во државите на ЕУ треба да се одвива само според правилата на ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче