САД се плашеле од инвазија на СССР во Алјаска за време на „студената војна“

Плашејќи се од воена инвазија на СССР во Алјаска, специјалните служби на САД врбувале локални жители како тајни агенти, пренесува Associated Press, повикувајќи се на декласифицирани документи на ФБИ.

Плашејќи се од воена инвазија на СССР во Алјаска, специјалните служби на САД врбувале локални жители како тајни агенти, пренесува Associated Press, повикувајќи се на декласифицирани документи на ФБИ.

Според документите, поранешниот директор на ФБИ, Едгар Хувер, заедно со шефот на управата за специјални истражувања на ВВС на САД, Џозеф Керол создале операција под назив „Корито“.

Во рамките на тајниот план, сите врбувани агенти при инвазија од страна на СССР би станале партизани и би им предавале на САД информации за движењето на советските војски.

Според мислењето на ФБИ, инвазијата на советските сили би се извршила од воздух.

Се забележува дека проектот „Корито“ бил функционален од 1951 до 1959 година, и за тоа време биле подготвени 90 агенти, на кои како почетен бонус им биле давани по 3.000 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија