Претседателот на Русија, Владимир Путин го внесе во Државна дума договор за Евроазиската економска унија. Исто така, Путин се заложи за приклучување на Ерменија кон ЕЕУ. Ова е објавено на официјалната-интернет страница на Кремљ.
Во соопштението е објавено дека целта на договорот е „отстранување на бариерите за слободно движење на стоки, услуги, капитал и работна сила, како и спроведување на координирана, усогласена политика во клучните гранки на економијата“.
Претходно претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев изјави дека Казахстан може да излезе од ЕЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.