Путин: на компаниите од Европа ќе им биде потешко да се вратат на рускиот пазар

Европските компании кои го напуштија рускиот пазар поради санкциите ќе се соочат со тешкотии доколку посакаат да се вратат назад. Ова го изјави за „Првиот канал“ претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Опасноста за нашите традиционални испорачувачи се состои во тоа што одредени компании се  'вгнездуваат“ на некој пазар, а потоа е многу тешко или речиси невозможно да се тргнат истите од таму“, изјави Путин. Според неговите зборови, претставниците на европскиот бизнис го разбираат тоа и се „разочарани од политиката на своите држави“.

Путин забележа дека во моментов Русија работи со други странски производители - со државите во Латинска Америка и источните партнери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња