Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека за да се разреши ситуацијата на истокот на Украина, властите на Киев треба да водат преговори со Новорусија, бидејќи тоа не е конфликт меѓу Русија и Украина, туку внатрешноукраински конфликт. Ова го пренесува РИА „Новости“.
„Не може да се дојде до договор со Порошенко за разрешување на конфликтот, едноставно тоа не е возможно. Тоа не е конфликт меѓу Русија и Украина, туку внатрешен украински конфликт“, подвлече портпаролот на рускиот претседател.
Одговарајќи на прашањето за државниот статус на регионите на југоистокот на Украина, Песков изјави дека Новорусија треба да остане во составот на Украина и нејзиниот статус треба да се определи од страна на киевските власти.
„Само Украина може да се договори со Новорусија, да ги земе предвид нејзините интереси. Дури тогаш може да биде постигнато политичко регулирање на состојбата на Новорусија“, забележа Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче