Горбачов: Конфликтот во Украина може да прерасне во масакр во Европа

Конфликтот во Украина може да прерасне во масакр во Европа, изјави во интервју за „Руската служба за вести“ првиот претседател на СССР, Михаил Горбачов.

Конфликтот во Украина може да прерасне во масакр во Европа, изјави во интервју за „Руската служба за вести“ првиот претседател на СССР, Михаил Горбачов. „Треба да се прекине тој процес. Треба да се побара прекин на конфликтот и почеток на преговори. Ако бидат опфатени и други држава, размерите на конфликтот ќе се зголемат - и може да бидеме сведоци на страшен масакр во Европа. Тоа не треба да се дозволи“, изјави тој.

Внатрешниот конфликт во Украина не треба да прерасне во меѓудржавен, смета политичарот. „Ако нашата држава се вмеша, пожарот кој ќе се појави не ќе може да го изгасне целиот свет. И добро е што политичарите се цврсти во своите решенија“, изјави Горбачов.

Решавачка улога во регулирањето на конфликтот треба да одиграат ООН, Европската унија и страните кои непосредно се вклучени во конфликтот, уверен е првиот претседател на СССР. „Наш предлог беше да се отворат коридори, да се изнесат од жариштата луѓето“, напомна тој. Но, не. Некој седи во топла соба и носи решенија од далечина. А во меѓувреме стрелаат врз куќи, училишта, болници. Досега има само две илјади жртви според официјалните податоци, а ранети којзнае колку“, додаде Горбачов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња