Претставници на Русија во НАТО им дадоа лекции по географија на канадските колеги

Како одговор на „прирачниот“ за руските војници, кој на Твитер го објави канадската делегација при НАТО, членовите на постојаното претставништво на Русија во Алијансата објави мапа на која Крим е прикажан како дел од територијата на Руската Федерација, пренесува порталот vz.ru.

На мапата, исто така, се обележани и Апхазија и Јужна Осетија, чија независност Западот не ја признава.

„Со оваа мапа сакаме да им помогнеме на канадските колеги да бидат поупатени во современата географија“, се наведува во соопштение на руското претставништво  во НАТО, објавено на Твитер.

Претходно канадската делегација на Твитер објави карта на која територијата на Русија и Украина се одбележани со натписи: „Русија“ и „Ова не е Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња