Европската комисија е подготвена за нови санкции против Русија

Европската комисија веќе е подготвена да воведе нови санкции против Русија, и ќе ги воведе доколку не се поправи ситуацијата на истокот на Украина, изјави Жозе Мануел Баросо после состанокот со претседателот на Украина, Петро Порошенко.

 „Не сакаме нова студена војна. Санкциите се начин на кој ќе ѝ покажеме на Русија дека не ја прифаќаме нејзината политика“, изјави Баросо.

Баросо, воедно, изјави дека ЕУ верува во политичко регулирање на украинскиот конфликт. Унијата е подготвена да сослуша сѐ што Русија има да каже за ситуацијата на истокот на Украина, изјави Баросо. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња