Рускиот кинематографски фонд издели 3 милијарди рубљи за руски филмови годинава, односно е подготвен да поддржи 50 филмови годишно, пишува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на шефот на фондот, Антон Малишев.
„Според средствата кои ги имаме, Фондот може да поддржи 50 филмови во текот на една година. Дури и да сакаме, не можеме да дадеме помош за повеќе филмови“, изјави Малишев.
Малишев додаде дека процентот на руски филмови кои се прикажувале во кината во Русија минатата година изнесувал 18%. „Ние се бориме со сериозен противник. Тешко е да се зголеми уделот на руски филмови во кината, особено кога треба да се бориме со филмови кои имаат буџети и од 200 милиони долари“, подвлече Малишев.
Фондот годинава поддржа 27
филмови, меѓу кои „Екипаж“ и „Викинг“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче