Русија од 2017 година ќе започне со изградба на неатомски подморници со анаеробни мотори

Русија од 2017 година планира да започне со изградба на неатомски подморници од новата генерација со анаеробни мотори, пишува РИА „Новости“, повикувајќи се на командантот на Морнарицата, Виктор Чирков.

„Секако, ќе се продолжи изградбата на дизел-електрични подморници. Но денес веќе зборуваме за неатомни подморници, а од 2017 година ќе се појави нова серија со мотор кој не е зависен од воздух за да работи“, изјави Чирков.

Се забележува дека главна предност на ваквите видови подморници ќе биде зголемената „невидливост“, а самата подморница ќе може да се наоѓа под вода многу подолго време без да има потреба на површината да се полнат батериите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња