Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека Русија, во случај на понатамошно заострување на ситуацијата во Украина, ќе плати „дополнителна цена за своите дејства“, пренесува РИА „Новости“.
„Во соработка со европските сојузници сметам дека ќе преземеме дополнителни чекори, бидејќи не гледаме дека Русија прави нешто конкретно за да го реши проблемот“, изјави претседателот на САД.
Тој смета дека Русија „е одговорна за насилството на истокот на Украина“, бидејќи, наводно, ги вооружува, финансира и тренира припадниците на народната одбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче