Лавров: никој не покажа факти за присуството на руските војници во Украина

Русија по којзнае кој пат ја обвинуваат за мешање во конфликтот во Украина, но никој не понуди докази за присуство на руските војници во Донбас, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Практично од почетокот на кризата нѐ обвинуваат дека сме виновни за сѐ. Но ниту еднаш не ни понудија докази“, изјави Лавров, а пренесува ИТАР-ТАСС.

Шефот на МНР на Русија забележа дека, според него, „криењето на фактите е карактеристично за САД и неколку европски држави околу тоа што се случува во Украина“.

Лавров додаде дека Западот покажува лажирани снимки од вселената и се обидува да ги прикаже како реалност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња