Министерството за одбрана на Русија планира од 2016 година да се откаже од користење на лесните ракети-носачи „Рокот“, пренесува ИТАР-ТАСС.
Ова го изјави генерал-поручник Александар Головко, командант на војските на Воздушно-космичката одбрана.
„Денес лансирањето на ракетите-носачи ‘Рокот’ се извршува во интересите на Министерството за одбрана во рамките на федералната вселенска програма и програмата за меѓународна соработка. За потребите на Министерството планирани се четири лансирања – три во 2015 година, едно во 2016 година. Понатаму Министерството ќе ги користи лесните ракети-носачи ‘Сојуз-2.1в и ‘Ангара’“, изјави Головко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.