Нова метро станица во Москва

Во московското метро отворена е нова станица - „Спартак“, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС. Станицата се наоѓа на Таганско-Краснопресненската линија, помеѓу станиците „Тушинска“ и „Шчукинска“.

Во московското метро отворена е нова станица - „Спартак“, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС. Станицата се наоѓа на Таганско-Краснопресненската линија, помеѓу станиците „Тушинска“ и „Шчукинска“.

„Денес во Москва се отвора уште една метро станица која ќе се вика 'Спартак'. Новата станица е отворена на ист ден како и најголемиот фудбалски стадион на московскиот клуб 'Спартак', изјави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.

„Оваа станица ќе ја подобри врската со новиот стадион, но ќе овозможи и интензивен развој на Тушинското поле, кое благодарејќи на оваа станица ќе стане голем сообраќаен јазол“, напомна градоначалникот. Според неговите зборови, во околината на станицата „Спартак“ веќе се изградени 1.500 нови паркинг места. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња