Во МНР на Русија изјавено е дека Москва и Вашингтон не воделе и не водат тајни преговори за украинското прашање, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Поради претходно појавените соопштенија за ‘некои тајни преговори’ меѓу Русија и САД околу украинското прашање, одржани, наводно, на финскиот остров Бојсто, сакаме да забележиме дека кон крајот на јуни таму навистина се одржа експертска средба. Сепак, на неа не стануваше збор за консултации меѓу официјалните претставници на двете држави, туку за многубројните контакти меѓу руските и американските структури и академските заедници“, забележано е од МНР на Русија.
Според зборовите на претставниците на министерството, за општествениот карактер на средбата станува јасно по подготвениот документ после завршувањето на разговорите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче