Западни медиуми: европските фармери ги почувствуваа последиците од санкциите

Европските фармери ги почувствуваа последиците од забраната за увоз на стоки во Русија, пишува The New York Times. Како пример весникот ги наведе француските произведувачи на сирење и кашкавал.

Европските фармери ги почувствуваа последиците од забраната за увоз на стоки во Русија, пишува The New York Times. Како пример весникот ги наведе француските произведувачи на сирење и кашкавал.

Како што забележува менаџерот за извоз, Џоан Југон од компанијата FromiRungis, особеноста на руските санкции се состои во тоа што тие веднаш стапија на сила. „Ние се чувствуваме беспомошни“, подвлекува Југон. Загубите за фирмата се големи - оваа компанија потроши „илјада дена“ за презентација на своите производи на рускиот пазар, додаде Југон.

Како што пренесуваат француските фармери, страдаат не само нафтената и одбранбената сфера, туку и обичните жители. ЕУ вети 125 милиони евра за купување на овошје и зеленчук од оние кои настрадале поради забраната за увоз.

Претходно министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва ќе направи сѐ што е во нејзина сила за да ги заштити своите интереси во случај на воведување нови санкции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња