Русија создаде експериментална вакцина против Еболата

Русија создаде експериментална вакцина против треската Ебола која ги покажа првите позитивни резултати на клиничките испитувања. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на министерот за здравство, Вероника Скворцова.

„Од Гвинеја се вратија соработниците на институтот на министерството за здравство од Ивановската област и еден соработник од Роспотребнадзор. Ние ги знаеме предизвикувачите на Еболата и во моментов имаме експериментална вакцина која ги помина сите претклинички испитувања со добри резултати“, изјави шефот на Министерството за здравство.

Скворцова додаде дека во моментов се спроведуваат дополнителни испитувања на вакцината. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња