Претседателот на Русија, Владимир Путин смета дека во Русија влегуваат забранети стоки од европскиот пазар преку Белорусија.
„Во рамките на Царинската унија дури и сега на територијата на Руската Федерација од државите на ЕУ се случува реекспорт на стоки, во овој случај - преку Белорусија“, изјави Путин, забележувајќи дека извозниците често ја тргнуваат етикетата на која е наведена земјата-производител и ставаат нова.
„Со Украина ќе се случи истото, но во многу поголем обем“, изјави Путин, додавајќи дека белоруското раководство и претседателот на државата се обидуваат да ја попречат оваа негативна пракса.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче