Киевскиот режим и понатаму продолжува да ги слуша американските инструкции и сака да создаде „послушна“ Врховна рада, смета шефот на комитетот во Државната дума за ЗНД, Леонид Слуцки.
Тој нагласи дека на Порошенко не му одговара постојниот парламент, бидејќи многу пратеници останаа од претходните избори и тие се противат на фашистичкиот курс на новите власти.
Пратеникот Вјачеслав Никонов од Државната дума најавените избори во услови на политичка, економска криза и војна ги оцени како политичка авантура на Порошенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче