Западни медиуми: Путин на Запад го поддржуваат „реалистите“

Претседателот на Русија, Владимир Путин на Западот е поддржува од „реалистите“, се кажува во статија на The Financial Times. Автор на статијата е Сузан Гласер, уредник во Politico Magazine и коавтор на книгата „Изгревот на Кремљ: Путинска Русија и крајот на револуцијата“.

Според мислењето на Гласер, неколку западни држави ја критикуваат Москва за нарушување на човековите права и за ситуацијата со корупцијата во земјата. Сепак, тие претпочитаат да се придржуваат до „реалистичната“ гледна точка, се забележува во статијата.

Германија и другите држави во Европа премногу зависат од руските енергенси за да стапат во конфронтација со Москва, смета Гласер. Што се однесува до САД, во однос на украинската криза Вашингтон изразува жалење за неа, иако, реално, САД нема никакви вистински „национални интереси“, подвлечено е во статијата.

„На Западот му го кажуваат тоа што сака да го слушне“, пишува Гласер, додавајќи дека западните држави претпочитаат да заземат удобна позиција и ништо да не забележуваат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија