Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека се создава впечаток дека никој, освен Русија, не го поддржува интересот за откривање на причините за падот на малезискиот Боинг 777 во Украина, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Се создава впечаток дека сите останати го изгубија интересот за истрагата. После првите хистерични обвинувања против Русија, сите како да си ја сошија устата“, забележа Лавров.
„Ние се обидуваме да го задржиме вниманието кон овој сериозен проблем“, додаде рускиот министер.
Освен тоа, Киев не објасни зошто не ги дава записите и разговорите меѓу диспечерите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче