Германскиот бизнис предвидува пад на извозот од Германија во Русија за 25%

Источниот комитет на германската економија забележува негативна тенденција во сферата на извозот од Германија во Русија поради санкциите кои ги воведоа двете држави, пренесува РИА „Новости“.

Источниот комитет на германската економија забележува негативна тенденција во сферата на извозот од Германија во Русија поради санкциите кои ги воведоа двете држави, пренесува РИА „Новости“. Источниот комитет на германската економија ги претставува интересите на германските компании кои се занимаваат со бизнис на постсоветското пространство и во Источна Европа.

„Не е исклучено кон крајот на годината во трговијата со Русија да дојдеме до минусно извозно салдо од 20 до 25%. Тоа ќе влијае на 50.000 работни места во Германија“, изјави шефот на комитетот, Екхард Кордес.

Според подароците од Министерството за економски развој на Русија, во 2013 година германскиот извоз во Русија изнесувал 36,1 милијарди евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња