Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев потпиша указ за спроведување на XV Меѓународен конкурс „П.И.Чајковски“ во Москва и Санкт Петербург од 15 јуни до 3 јули 2015 година. Ова е објавено на интернет-страницата на владата на Русија.
„Вкупната сума одвоена за подготовка на конкурсот ќе изнесува 40 милиони рубљи во 2014 година, и 300 милиони рубљи во 2015 година“, се кажува во соопштението.
Конкурсот ќе го спроведе Министерството за култура на Русија.
Во 2015 година навршуваат 175 години од раѓањето на П.И. Чајковски. Меѓународниот конкурс „П.И. Чајковски“ се одржува еднаш на секои четири години (почнувајќи од 1958 година).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче