Медиуми: Во НАТО предложија да се изрази подготвеност за употреба на ЕвроПРО против Русија

Балтичките земји и Полска ѝ предложија на Алијансата во нацртот на завршниот документ на претстојниот септемвриски самит во Велс да ја утврдат можноста за употреба на ЕвроПРО против Русија, пренесува РИА „Новости“.

Според мислењето на претставниците на тие земји, ситуацијата околу Украина може да биде опасност за нивната безбедност. Според информациите на германскиот весник "Spiegel", САД ја поддржуваат идејата во документите да се утврди формулацијата во врска со користењето на ПРО.

Германскиот весник истакнува дека повеќето членови на Алијансата, вклучително и Германија, се изјасниле против таквите формулации и планови, бидејќи сметаат дека Москва не треба да се провоцира без потреба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња