Во руската армија започнаа да пристигнуваат новите зенитно-ракетни преносни системи „Верба“. Ова го изјави АРМС-ТАСС, пренесувајќи изјава од коломејнската научно-производствена корпорација „КБМ“, каде се произведува ова оружје.
Според зборовите на претставник од КБМ, во овој момент „Верба“ веќе се наоѓа кај десеттина падобрански дивизии и моторизирани бригади на Источниот воен оркуг.
Според своите тактично-технички карактеристики системот 9К333 „Верба“ е подобар од сите преносни зенитно-ракетни системи кои во овој момент ги поседуваат вооружените сили на Руската Федерација, а исто така и од странските модели на овој вид оружје - американскиот систем "Stinger Block 1" и кинескиот QW-2.
Една од најважните предности на „Верба“ е високата веројатно од погодување на целта која емитува силни сигнали - крстосувачки ракети и беспилотни летала, објасни претставникот на КБМ.
„Во светот не постои систем кој според борбената ефикасност е еднаков на 'Верба'“, нагласи претставникот на корпорацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче