Меркел: за Европа е опасно признавање на обединувањето на Крим и Русија

Германската канцеларска Ангела Меркел смета дека Крим излегол од составот на Украина преку кршење на територијалниот интегритет на земјата, и дека ако меѓународната заедница го признае одвојувањето на полуостровот, тоа би бил опасен преседан за цела Европа.

„Сето тоа се одигра со кршење на територијалниот интегритет во Европа, и ако го признаеме тој принцип, тогаш такво нешто може да се случи во било кој дел на Европа, и тоа нема да биде само прашање околу Крим и Украина, туку во секоја европска земја би можеле да бидат оспорени одредени територии, одредени области, што ќе ја наруши мирната коегзистенција во Европа“, изјави Ангела Меркел, а пренесува РИА „Новости“.

Канцеларката додаде дека земајќи ги предвид таквите околности, доста е важно меѓународната јавност да ги признае границите кои биле одредени после Втората светска војна.

Кримската Област била во составот на РСФСР до 19 февруари 1954, кога Президиумот на Врховниот Совет на СССР дал указ за предавање на оваа област на Украинската ССР. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња