Западните компании се загрижија после случајот со рестораните Мекдоналдс во Русија, пишува The Independent. Претходно беше соопштено дека руските власти затвориле четири ресторани Мекдоналдс во Москва и започнале проверки на другите ресторани низ државата.
Според мислењето претставниците од деловната заедница, оваа ситуација е рефлексија на влошените односи меѓу Русија и Западот поради украинската криза.
Освен тоа, основачот на Virgin, Ричард Бренсон повика за мирно регулирање на кризата во Украина, и неговото отворено писмо го потпишаа многуводечки претставници на деловните и културните кругови во Русија, Украина и Западот, пишува весникот.
The New York Times, пак, пишува дека „во Москва падна симболот на брзата исхрана“. Станува збор за ресторанот Мекдоналдс на Пушкинскиот плоштад, кој беше отворен во 1990 година и стана прв таков ресторан во СССР. The Times, од своја страна, го нарекува Мекдоналдс „најјасен симбол на Америка“, и го насочува вниманието кон тоа дека таа компанија е официјален спонзор на светското фудбалско првенство во 2018 година, кое треба да се одржи во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.