Западни медиуми: холивудските ѕвезди престанаа да одат во Русија

Холивудските ѕвезди, со малку исклучоци, прекинаа да патуваат во Русија, пишува The Time. Како што забележува изданието, западните познати лица често ја посетуваа оваа држава поради задоволство или друга корист.

Холивудските ѕвезди, со малку исклучоци, прекинаа да патуваат во Русија, пишува The Time. Како што забележува изданието, западните познати лица често ја посетуваа оваа држава поради задоволство или друга корист. Сепак, сега тие се плашат дека посетата во Русија може да им наштети на кариерата, изјави Семјуел Арутунјан од њујоршката агенција Platinum Rye, која ги организира патувањата на холивудските ѕвезди во Русија.

Според неговите зборови, тој се занимава со овој бизнис веќе 10 години, но никогаш не било толку тешко да се поканат западните ѕвезди на некакви случки во Русија или да се склучат зделки со познатите лица и руските компании. Не помагаат дури предлозите со големи хонорари. „Тие луѓе веќе се супербогати. Затоа тие се загрижени за сопствената кариера“, изјави Арутунјан.

Пред една година немаше вакви проблеми, забележува изданието, додавајќи дека во Русија досега доаѓале личности како Роберт де Ниро, Џереми Ајронс, а Брус Вилис дури се нашол во руска реклама. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија