Претседателот на Русија, Владимир Путин во телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Ердоган разговараше за заедничките проекти во енергетската сфера, пренесува прес-службата на Кремљ.
Телефонскиот разговор се одржал по иницијатива на турската страна.
„Лидерите разговараа за некои актуелни прашања, вклучувајќи ја и реализацијата на заедничките проекти во енергетската сфера. Подвлечена е и заедничката заинтересираност за понатамошно проширување на руско-турската соработка во различни правци“, се кажува во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче