Премиерот на Норвешка, Ерна Сулберг, изјави дека би сакала да ја види Русија како силен европски партнер.
Според зборовите на политичарката, и покрај воведувањето на економските санкции од страна на Западот и САД, Норвешка се труди да го зачува статусот-кво околу прашањата поврзани со руската држава. Земјата на фјордовите не планира да воведува било какви еднострани мерки.
„Ние планираме да ги зачуваме добрите односи со нашиот источен сосед“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на норвешкиот премиер.
Меѓутоа, според мислењето на експертите, оваа изјава е предизвикана од фактот дека норвешката компанија „Хупен фикс“ остана без речиси третина од профитот поради тоа што Русија воведе повратни санкции врз земјоделската продукција. Русија беше еден од главните пазари за норвешката харинга. Минатата година од Норвешка во Русија е испорачана харинга во вредност од 793 милиони круни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче