Јацењук ја обвини Русија за кражба на 300 килограми злато на Крим

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук ја обвини Русија за кражба на имот од Крим.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук ја обвини Русија за кражба на имот од Крим.

„Во нашата државна Ошчадбанка на Крим, според пресметките на банката, има 300 килограми злато. Тие го зедоа и украдоа тоа злато, едноставно го украдоа. Во нашата филијала на Националната банка на Украина на Крим има наши пари, околу 4 милијарди гривни (околу 300 милиони долари)“, изјави Јацењук, а пренесува РИА „Новости“.

Премиерот на Украина се закани дека Украина ќе се суди со Русија за секој изгубен имот на Крим.

Исто така, Јацењук изјави дека Киев веќе најмил „водечки светски компании“ и се надева на поддршка од западните партнери „кои имаат голема правна пракса во борбата за своите права, за да се суди со секој случај на конфискација и кражба на украинскиот имот“.

Украина ја оценува сумата на загубите на околу 100 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња