Западни медиуми: Санкциите на САД и ЕУ против Русија негативно ќе се одразат на земјите во Азија

Санкциите кои САД и ЕУ ги воведоа против Русија после случувањата во Украина негативно ќе се одразат на економиите на земјите во Азија, пишува РИА „Новости“, повикувајќи се на американскиот весник Foreign Affairs.

„Американските санкции ќе се одразат на целиот регион, дури и ако азиските влади не бида вовлечени во нив, бидејќи приватните играчи во банкарскиот и енергетскиот сектор се принудени да ги избегнуваат казните поврзани со ограничувањата. Тоа се односи на т.н. репутациски ризик поради тргувањето со Русија“, се наведува во статијата.

„Произведувачите на опрема за енергетскиот сектор и компаниите кои нудат производни услуги ќе се откажат од соработката со Русија и тоа ќе нанесе сериозен удар на интегрираната економија во регионот“, смета изданието. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња