Западни медиуми: Мекдоналдс стана нова жртва во заострените односи меѓу Русија и САД

Американската мрежа на ресторани за брза исхрана стана нова жртва во заострените односи меѓу Русија и САД поради украинската криза, пишува The Financial Times. Како што смета весникот, компанијата станала цел на „некои патриотски настроени чиновници во Москва“.

Претходно беше соопштено дека Федералната агенција за заштита на правата на потрошувачите затворила четири московски ресторани Мекдоналдс, меѓу кои и првиот отворен ресторан уште во времето на СССР. Агенцијата го обвинува Мекдоналдс за нарушувања на санитарните услови. Исто така, објавено е дека Федералната агенција за заштита на правата на потрошувачите започнала проверка на сите ресторани Мекдоландс во Свердловската област.

Според мислењето на американскиот весник, случувањата со Мекдоналдс, односно затворањето на првиот отворен ресторан во земјата, се особено симболични, бидејќи отворањето на првиот ресторан се случи во 1990 година, во времето кога се случи „затоплувањето“ во односите меѓу Москва и Вашингтон. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија