Земјоделскиот сектор на Унгарија секојдневно губи по околу 70 милиони унгарски форинти (околу 295 илјади долари) поради воведувањето на забрана за увоз на прехранбени производи од државите на ЕУ, изјави министерот за економија на земјата, Михај Варга.
Да потсетиме дека Русија воведе едногодишна забрана за увоз на месо, овошје и зеленчук, млеко и млечни производи од државите на ЕУ, САД и други држави кои ги поддржуваат санкциите против Русија.
Според зборовите на Варга, санкциите не ја погодуваат неговата земја толку силно, како на пример Полска и Грција.
Економијата на Унгарија има „поздрава и постабилна“ структура за раст, изјави Варга.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче