Одговорот на Русија: ќе настрада ли Германија?

Ограничувањето на некои видови прехранбени производи не нанесе некој забележителен удар, но во секој случај, тој удар е забележлив за одредени компании и сектори во европските држави. Прехранбените производи не заземаат клучна улога во извозот на Германија во Русија, бидејќи најчесто Германија извезува индустриски производи, опрема, автомобили и фармацевтски производи.

Русија се наоѓа на 11 место меѓу најголемите трговски партнери на Германија, но и покрај тоа, индустријалците во Германија веќе одамна зборуваат дека не е допустливо дополнително влошување на односите меѓу државите, бидејќи дел од нарачките, а тоа значи и работни места – се поврзани со клиентите од Русија.

Претседателот на Источниот комитет на германската економија, Екхард Кордес, изјави дека повеќе од 25.000 работни места може да ги чинат Германците поради воведувањето на руското ембарго.

Што се однесува до прехранбените производи, увозот на германска стока во Русија во 2013 година изнесувал 1,6 милијарди евра, што е за 14% помалку од 2012 година. Најчесто Германија извеува месо и млечни производи во Русија – 346, односно 165 милиони евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња