„Известија“: Роскосмос планира да создаде „чистач“ за вселенската орбита

Руската вселенска агенција планира да создаде космички апарат кој ќе се занимава со чистење на геостационарната орбита (ГСО) од застарени и сателити кои не работат, како и блокови за забрзување. Ова го пренесува весникот „Известија“.

Според зборовите на изворот, за создавање на вселенскиот чистач ќе бидат издвоени околу 230 милиони евра. Апаратот со работно име „Ликвидатор“ ќе се појави во 2025 година. Неговиот животен век во вселената би требало да биде до 10 години.

„На геостационарната орбита веќе е тесно. Задачата за создавање на ваков апарат е сложена. Исполнувачот на работите не е определен. Сметам дека ќе бидат разгледани проекти од неколку произведувачи кои имаат искуство во создавање и експлоатација на апарати на геостационарната орбита“, забележа Александар Данилук, заменик на генералниот директор во Центарот за научни истражувања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња