Западни медиуми: поради забраната за увоз, Русите преминуваат на производите од СССР

Поради забраната за увоз, многу руски граѓани започнаа да ги користат производите кои биле популарни во СССР, пишува Foreign Policy. Според мислењето на весникот, на тој начин жителите сакаат да ја намалат зависноста од странските производи, но и да ја поддржат политиката на Москва против САД и западните сојузници.

И не само тоа, некои жители на Русија пишуваат во социјалните мрежи за својата љубов кон традиционалните јадења и изразуваат солидарност со политиката на санкции на Кремљ, се кажува во статијата.  

Во забелешката се подвлекува дека „војната на производи“ ја зафатила не само Русија - последици од забраната за увоз се чувствуваат и во Литванија и Полска, чии граѓани исто ја коментираат новонастанатата ситуација во социјалните мрежи. Полјаците започнале да објавуваат селфиња со јаболка и започнале кампања за поддршка на локалните фармери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња