Руското ембарго ќе ја чини Европа 6,7 милијарди евра

Руската забрана за увоз на производи од западните држави може да ја чини Европската унија 6,7 милијарди евра годинава, следи од анализата на холандскиот финансиски конгломерат ING Groep NV, пренесува Блумберг.

Според пресметките на европските експерти, последиците од руското ембарго се далеку поопасни за произведувачите на овошје и зеленчук и ставаат под „знак прашалник“ 130.000 работни места по цела Европа.

Во 2013 година ЕУ продаде во Русија овошје за 1,26 милијарди евра и зеленчук за 769 милиони евра. Европската комисија на 18 август додели помош во големина од 125 милиони евра за произведувачите на овошје и зеленчук кои настрадаа од руските санкции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.