Во 2015 година жителите на Русија после Нова година ќе одмараат 11 дена, се известува на интернет-страницата на Министерството за труд на Русија.
„Со цел рационално да се искористат викендите и неработните празнични денови, Министерството за труд на Русија предлага 3 и 4 јануари (сабота и недела), кои се совпаѓаат со неработните празнични денови, да се пренесат на 9 јануари и 4 мај“, се кажува во соопштението.
Со тоа, за време на новогодишните празници Русите ќе одмараат 11 дена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.