Русија одвои 580 милиони евра за истражување на Месечината

Повеќе од 580 милиони евра издвои Роскомсос за лансирање на шест вселенски апарати кон Месечината, пренесува „Интерфакс“.

Повеќе од 580 милиони евра издвои Роскомсос за лансирање на шест вселенски апарати кон Месечината, пренесува „Интерфакс“.

Ова е објавено во текстот на проектот „Федерална вселенска програма од 2016 до 2025 година“.

Проектот предвидува лансирање кон Месечината на апарат кој ќе слета на Месечината. Периодот на работа на апаратот ќе изнесува една година и планирано е да биде лансиран во 2019 година.

После него во 2021 и 2023 година ќе бидат лансирани два вселенски орбитални апарата (Луна-Ресурс). Тие ќе извршат истражување на Месечината и ќе обезбедат врска со апаратите кои ќе бидат на површината на Месечината. Останатите апарати ќе бидат лансирани на Месечината во 2023 и 2025 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња